Дома Фудбал Севиља ја зазема првата финална позиција во Купот на Кралевите (ВИДЕО)

Севиља ја зазема првата финална позиција во Купот на Кралевите (ВИДЕО)

Фудбалерите на Севиља се првите финалисти во Купот на Кралевите откако денес славеа над Леганес со 2:0.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


По ремито изминатата недела 1:1, Севиља денес пред своите навивачи успее да се наметне како фаворит.

Веќе во 15. минута Кореа ја искористи одличната асистенција и погоди за 1:0.

Неизвесноста траеше буквално до самиот крај на мечот, Леганес се обидуваше да дојде до продолженија, но потоа Васкез во 89. минута по асистенцијата на Рамирез ги постави конечните 2:0.

Севиља во финалето на Купот ќе се соочи против подобриот од мечот помеѓу Валенсија и Барселона која на програмата е утревечер во 21:30.

Каталонците ја бранат предноста од домашен терен 1:0 и се големи фаворити да стигнат до четвртото врзано финале.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Кејн оптимистичен: Имам големи шанси да ја освојам Златната топка и СП

Капитенот на фудбалската репрезентација на Англија, Хари Кејн, изјави дека претстојното Св…