Дома Трансфер зона Севиља го врати Банега, го сака и Бака!

Севиља го врати Банега, го сака и Бака!

Евер Банега по една сезона мината во Интер се враќа во Севиља, потврди претседателот на шпанскиот клуб.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Овој 28-годишен фудбалер минатото лето дојде како слободен агент во Интер, но не се снајде баш најдобро, а новиот тренер Лучијано Спалети веднаш му соопшти дека во неговата визија за Интер нема место за него.

Ситуацијата ја искористи Севиља во чии редови Аргентинецот блескаше две сезони, освојувајќи две титули во Лига Европа, па на „нероаѕурите“ ќе му плати 9 милиони евра за неговиот потпис.

Тоа не е се, претседателот на Севиља, Хозе Кастро потврди дека неговиот клуб е заинтересиран да го врати и Карлос Бака, кој е на излезна врата од Милан.

„Враќањето на Карлос Бака е конкретна опција, наскоро ќе почнеме преговори. Ние сме во потрага по напаѓач кој може да постигне многу головги, а Карлос покажа дека врвен напаѓач и за нас постигна повеќе од 60 гола“, изјави Кастро.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…