Дома Трансфер зона Себаљос останува уште една година во Арсенал

Себаљос останува уште една година во Арсенал

Реал Мадрид и Арсенал се договорија за нова едногодишна позајмица на Дани Себаљос и во секој момент се очекува само официјализација.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Себаљос минатата година ја помина на позајмица на „Емирати“ и ова лето требаше да се врати во Мадрид, но очигледно дека за него нема место во тимот на Зидан.

Себаљос одби три понуди од шпански клубови бидејќи сакаше да остане во Арсенал, па двата клуба конечно се договорија.

Се очекува официјализација на трансферот за да се дознае дали Арсенал овој пат ќе има право на откуп на крајот на сезоната, бидејќи ова лето немаше таква можност.

Артета го убеди Себаљос да остане на „Емирати“ бидејќи Шпанецот игра важна улога во тимот на „топџиите“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…