Поминаа неколку дена, а се уште во спортските медиуми се пишува за скандалите кои Серена Вилијамс ги направи во финалето на УС Опен.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Откако вчера сите судии најавуваа бојкот на натпреварите доколку Американката јавно не се извини за навредите кон Рамос денес се огласи токму човекот кој ја делеше правдата на овој натпревар.
Ќе потсетиме Серена во текот на натпреварот го нарече „крадец“, а по натпреварот го обвини и за сексизам.
„Моето судење не беше спорно за никој освен за Серена. Одлично се чуствувам и критиките не ме загрижуваат премногу затоа што истите не се поткрепени со аргументи. Нема потреба да се грижите за мене“, изјави Карлос Рамос.
Серена финалето на турнирот го загуби од 20 годишната Јапонка Наоми Осака.