Бројни шпански медиуми пренесуваат дека двете најсилни дивизии во Шпанија, Ла Лига и Секунда ќе бидат суспендирани на две недели поради епидемијата од коронавирусот.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Раководството на Ла Лига само еден ден претходно соопшти дека натпреварите во наредните две недели ќе се играат без публика, но ситуацијата во меѓувреме се влоши и во текот на вечерта се очекува прекинот на првенството да биде официјализиран.
Барселона во овој момент е лидер со 58 бодови, Реал Мадрид има два помалку, Севиља 47, Сосиедад и Гетафе по 46…
Натпреварот од осминафиналето во Лигата на шампионите помеѓу Барселона и Наполи се игра пред празни трибини, додека одложени се натпреварите во Лига Европа помеѓе Гетафе – Интер и Севиља – Рома.
Според последните информации во Шпанија поотврдени се 2.152 слуачи на коронавирусот од нив дури 1.024 се во Мадрид.