Дома Фудбал Се стесни изборот за нов претседател на Барселона

Се стесни изборот за нов претседател на Барселона

Дирекната битка за претседателското место во Барселона ќе се води меѓу тројца кандидати, стана јасно денес.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


До пред неколку дена вкупно деветмина изразија спремност да учествуваат на изборите, но сега е јасно дека главната битка ќе се води меѓу тројца кандидати: Жоан Лапорта, Виктор Фонт и Тони Фрејша.

Останатите шест кандидати отпаднаа од трката поради различни причини. Некои не успеаа да ги соберат неопходните потписи, а денес последен се откажа Емили Русад.

Од утре тројцата кандидати ќе имаат една недела за предизборна кампања, а изборите ќе се одржат на 24 јануари. Меѓутоа, има веројатност изборите да бидат одложени поради влошените услови поради пандемијата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Скапо ќе го чини кажаното! Судиите возвратија силен удар на Флорентино Перез!

Тежок ден за првиот човек на Реал Мадрид, а причината е силниот удар кој му го подготвија …