Атлетиката можеби добива нова ѕвезда – американскиот тинејџер Ерион Најтон!
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Најтон се прослави на атлетскиот митинг во Џексонвил каде што на трката на 200 метри во категорија за атлетичари до 18 години постави нов светски рекорд.
Овој рекорд цели 18 години беше во сопственост на славниот Усаин Болт, Јамајканецот го постави 2003 година. Најтон делницата од 200 метри ја истрча за 20.11 секунди и тоа е две стотинки побрзо од времето на Болт.
Американските медиуми најавуваат дека се работи за голема надеж на нивната атлетика и некој кој може да доминира во спринтерските дисциплини во наредните години.