Во Милан не се задоволни со Пауло Фонсека и резултатите кои ги бележи од почетокот на сезоната, па поради тоа на големо се најавува негова смена.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Последната шанса да си ја спаси работата Фонсека ќе има во дербито со Интер кое е закажано за в недела и неуспех во овој дуел веројатно ќе значи и отказ за Португалецот.
Како главни фаворити за клупата на „росонерите“ во изминатиот период се споменуваа Томас Тухел и Един Терзиќ, но сега се појави ново име. Наводно, Ибрахимовиќ сака да го види Игор Тудор на клупата на тимот.
Ибрахимовиќ со Тухел беше соиграч во Јувентус и како што се наведува има голема почит кон него и му се доапаѓа цврстиот карактер и способноста да ја промени состојбата во тимот. Исто така се истакнува и дека Тудор би бил финансиски поефективна опција.
Од почетокот на сезоната Милан во првите четири кола има победа само против Венеција.