Лука Јовиќ е еден од оние кои се најдоа на удар на критики поради непочитување на карантинот поради коронавирусот.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Јовиќ неодамна од Мадрид допатува во Србија иако требаше да биде во карантин. Српскиот напаѓач во Белград допатува поради роденденот на неговата девојка, бил забележан и како шета низ градот иако требало 14 дена да помине во изолација.
Обвинителството во Белград поднесе и кривична пријава против него. Јовиќ во текот на вчерашниот ден се огласи преку социјалните мрежи и се правдаше дека имал дозвола да дојде во Белград, а за излегувањето до објасни дека не му било кажано како треба да се однесува и што не смее да прави во изолацијата.
Меѓутоа сега српските медиуми дојда до документот кој Јовиќ го потпишал при влезот во Србија и според него јасно се гледа требало да остане 14 дена во самоизолација и во Белград.
