На социјалните мрежи беше објавена анализа со гол-технологијата за спорниот момент во „Ел Класико“ кое заврши со победа на Реал Мадрид од 3:2.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
При резултат 1:1, Ламин Јамал шутираше, а голманот Лунин го одбрани, меѓутоа изгледа тоа го направи предоцна.
Главниот судија на натпреварот Цезар Сото Градо во соработка со ВАР технологијата одлучи да не го признае голот на младата ѕвезда на Барселона, иако најновото објавено видео несомнено сугерира дека тој требало да биде признаен.
И покрај овој поништен гол, Каталонците успеаа да дојдат до втор гол преку Фермин Лопез во средината на вториот дел, меѓутоа тој не им помогна премногу бидејќи Реал направи пресврт на крајот и дојде до три бода.