Дома Трансфер зона Се постигнал договор: Конте добива засилување од Парма

Се постигнал договор: Конте добива засилување од Парма

Според информациите кои доаѓаат од Италија, Интер и Парма ги завршиле преговорите и на „Џузепе Меаца“ ќе пристигне Матео Дармијан.

Интер за Дармијан ќе плати сума од 2.5 милиони евра. Сега преостанува да се завршат само медицинските прегледи и Интер да го претстави новото засилување, барем така тврдат Италијанците.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Доаѓањето на Дармијан веројатно ќе го активира трансферот на Ранокија во Џенова. Конте не смета на него и тој ќе може да си замине, а Џенова интерес за него покажува веќе подолго време.

Покрај Парма, Дармија во кариерата го носеше дресот на Милан, Палермо и Торино во Италија, но виде и како е да се игра во Премиер Лигата и тоа во дресот на Манчестер Јунајтед.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Интер почна преговори со дефанзивецот на Реал

Дефанзивецот на Реал Мадрид, Начо на лето како слободен агент ќе го напушти клубот, а неко…