Дома Фудбал Останато Се огласи судијата после расистичкиот скандал

Се огласи судијата после расистичкиот скандал

Четвртиот судија од мечот ПСЖ-Башакшекир, Себастиан Колтеску конечно се огласи во јавност после синоќешниот скандал.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Колтеску побара од галвниот судија Хетаган да го исклучи помошникот тренер на Башакшехир, Пјер Вебо, ословувајќи го со „овој црнец тука“.

Тоа предизвика вистински скандал, па дури и беше прекинат натпреварот, кој ќе се доигра денес со други судии.

„Само се обидувам да останам смирен. Овие денови нема да читам весници и да читам портали. Секој кој што ме познава, знае дека не сум расист“, изјави романскиот судија.

УЕФА покрена истрага и Колтеску сигурно го очекува жестока казна, а можеби и трајна суспензија од европски натпреварувања.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Тоа што го направи Мбапе пред Ел Класико е за моментален отказ!

Килијан Мбапе уште нема освоено трофеј со Реал Мадрид. Поминаа две години од доаѓањето на …