Дома Трансфер зона Се огласи претседателот на Бенфика: Сега е јасно што треба да направи секој кој го сака Феликс

Се огласи претседателот на Бенфика: Сега е јасно што треба да направи секој кој го сака Феликс

Јувентус беше спремен да го исполни барањето на Роналдо, но…

Претседателот на фудбалскиот клуб Бенфика, Луис Фелиое Виера денес изјави дека Жоа Феликс нема да биде продаден во летото кое следи.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


„Кога во прашање се нашите млади играчи, посебно оние кои се членови на првиот тим, Бенфика ќе направи се за никој од нив да не замине. Практично, можам да им гарантирам на навивачите дека тие ќе останат“, изјави претседателот на клубот за официјалнот сајт на Бенфика.

Феликс има 19 години и во порутгалската спортска јавност е претставен како најголем талент после Кристиано Роналдо.

Медиумите пишуваа за негов можен трансфер во бројни клубови како Јувентус, Реал Мадрид, Атлетико, Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити…

Неговата откупна клазула изнесува 120 милиони евра, но Бенфика сака да го обнови неговиот договор и истата да ја зголеми на 200.

Јувентус важеше за фаворит за неговиот потпис, како што кажа и самиот Роналдо сакаше да го види Феликс во Торино, а ниту Феликс не криеше дека неговиот славен сонародник му е фудбалски идол.

Сепак изгледа дека Кристиано и Јувентус ќе мораат да почекаат. Сепак, треба да се истакне дека доколку Јувентус е спремен да ја плати клазулата тогаш Бенфика не ќе може апсолутно ништо да направи и ќе се прашува само фудбалерот.

https://www.youtube.com/watch?v=fmiNsARfF18

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Челзи и Јувентус се „тепаат“ за дефанзивец на Атлетико

Челзи и Јунтус се борат за потписот на дефанзивецот на Атлетико, Марио Хермосо, пренесуваа…