Дома Останати Се огласи првиот човек на УФЦ: Борба Кабиб-Флојд? Може, но под еден услов

Се огласи првиот човек на УФЦ: Борба Кабиб-Флојд? Може, но под еден услов

white

Претседателот на УФЦ, Дан Вајт повторно се огласи во американските медиуми после гласините дека би можела да биде закажана борба помеѓу Кабиб Нурмагомедов и Флојд Мејведер.

Нурмагомедов пред неколку недели во Лас Вегас го победи Мекгрегор и така го одбрани појасот во лесна категорија, но потоа направи голем скандал прескокнувајќи ја оградата во кафезот. Дагестанецот тргна да се пресметува со еден од тренерите на Ирецот.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


После ова Кабиб јавно го повика Мејведер и го предизвика на борба, тој предизвик непоразениот шампион во бокс веднаш го прифати. Сега се огласи и првиот човек на УФЦ кој порача дека борбата може да се одржи, но според негови правила.

„Доколку Мејведер сака да се бори со Кабиб за мене тоа не е проблем. Единствениот услов е тоа да го направат во рамките на УФЦ и по наши правила. Не сакам да имаат бокс меч бидејќи тоа еднаш го направи со Мекгрегор“, изјави Вајт.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Како Тајсон се подготвува за борбата со Џејк Пол? Нема ceкс и мариxуана!

Неповторливиот Мајк Тајсон (57) ќе се врати во рингот две години по eгзибицијата со Рој Џо…