Дома Фудбал Останато Се огласи и Манчестер Сити по повод собраќајната несреќа на Агуеро

Се огласи и Манчестер Сити по повод собраќајната несреќа на Агуеро

Стигна и соопштение од „граѓаните“.

Фудбалскиот клуб Манчестер Сити се огласи по повод собраќајната несреќа која ја доживеа Серхио Агуеро.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Аргентинецот измината ноќ се здобил со повреда на ребрата и наводно го очекува долга пауза, но од неговиот клуб не прецизираа ништо додека не поминат прегледите кај клупските лекари.

Во соопштението се наведува дека Агуеро заработил повреди во текот на слободниот ден во четвртокот и дека утре ќе се врати во Манчестер, кога ќе му бидат извршени детални прегледи пред дербито со Челзи кое „граѓаните“ го играат во сабота.

Значи, повеќе за повредата на Агуеро можеме да очекуваме во текот на денот или пак утре наутро.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Клоп се пожали: Тоа што ни го прават не е нормално

Јирген Клоп како и неколку пати во текот на сезоната повторно се жалеше на густиот распоре…