Дома Фудбал Англија Се огласи и Ливерпул: Србинот нема да седи на клупата, но останува вработен

Се огласи и Ливерпул: Србинот нема да седи на клупата, но останува вработен

Веста дека Желјко Буваќ го напушта Ливерпул утрово жестоко одекна на Островот.

Српскиот стручњак кој му помага на Јирген Клоп веќе 17 години, а другарува со него од 1992 година е еден од најпознатите асистенти во светот на фудбалот и поради тоа се крена и голема прашина.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Сепак, брзо се огласи и Ливерпул и демантираше дека Буваќ си заминал поради некаква расправија. Во соопштението од клубот е порачано дека Буваќ заминува од лични причини и дека нема да седи на клупата до крајот на сезоната, иако и понатаму останува вработен во клубот.

Тој беше на клупата против Стоук претходниот викенд и поради тоа изненадувачката вест за неговото заминување привлече големо внимание. Очигледно дека во овој момент Буваќ има некои поважни работите во животот од фудбалот, па Ливерпул одлучил да му излезе во пресрет.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Бернардо Силва го прави трансферот на кариерата

Португалскиот репрезентативец Бернардо Силва наскоро би можел да го направи еден од најгол…