Дома Фудбал Останато Се огласи и вториот кандидат: Реал Мадрид? Апослутно, НЕ!

Се огласи и вториот кандидат: Реал Мадрид? Апослутно, НЕ!

Реал Мадрид е во потрага по нов тренер откако вчера изненадувачки Зинедин Зидан го напушти клубот, само пет дена откако ја освои третата титула во низа во Лигата на шампионите.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Мадритските медиуми веднаш истакнаа двајца фаворити за наследник на Зидан и наводно веќе и двајцата биле контактирани.

Првиот, Маурисио Покетино е врзан со Тотенхем уште пет години, но не би имал ништо против преминување на „Бернабеу“, сепак Реал би морал добро да плати.

Втората желба е германскиот селектор Јоаким Лев за кого беше јасно дека е невозможна мисија, барем не во овој момент пред почетокот на Мундијалот.

Самиот Лев сега потврди дека не е заинтересиран за тренерското столче во Мадрид.

„Апсолутно ја отфрлам таа можност. За мене тоа не никакво прашање. Јас сум во овој момент на Светското првенство. Сигурен сум дека Реал ќе пронајде достоен наследник на Зидан“, изјави Лев.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

БИЛД: Четири германски ѕвезди одбиле да изведат пенал

ГЕРМАНИЈА беше елиминирана од Парагвај во осминафиналето на Светското првенство. Натпревар…