Дома Трансфер зона Се обезбедија за неколку години: Клуб од Еквадор ќе добие скоро 30 милиони евра од трансферот на Каиседо

Се обезбедија за неколку години: Клуб од Еквадор ќе добие скоро 30 милиони евра од трансферот на Каиседо

Tимот на Челзи го сруши рекордот за еден играч во Премиер лигата кој го постави Арсенал неодамна со трансферот на Даклан Рајс.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Нов фудбалер на „сините“ ќе биде Каиседо од Брајтон за кого Челзи ќе плати сума од 115 милиони фунти (133 милиони евра). Но, одлична сума од целиот трансфер ќе заработи и клуб од Еквадор.

Брајтон го доведе Каиседо за пет милиони евра од Индепендиенте Дел Вале, а тогаш клубот во договорот вметна клазула за процент од следната продажба на фудбалерот.

Сега со тој процент овој клуб ќе добие сума од 27 милиони евра и така веројатно ќе се обезбеди за следните неколку години. Договорот кој ќе го потпише Каиседо со Челзи ќе биде со важност до 2031 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…