Дома Трансфер зона Се е договорено: Мурињо добива засилување од Реал Мадрид!

Се е договорено: Мурињо добива засилување од Реал Мадрид!

Eкипата на Тотенхем ќе добие засилување од Реал Мадрид.

Нов фудбалер на Спарсите ќе стане левиот бек Серхио Регулион, одлични 23 годишен фудбалер на тимот од Мадрид.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Регулион минатата сезона играше одлично во Севиља. Сепак, тоа не му беше доволно за Зидан да му даде шансе во Реал и одлучено е да биде продаден.

Манчестер Јунајтед покажуваше голем интерес. Сепак, „црвените ѓаволи“ не сакаа во договорот да вклучат клазула според која Реал би можел да го врати. Тотенхем од друга страна ги прифати условите. Регулион брзо се договори со Спарсите, а Реал од трансферот ќе заработи 30 милиони евра.

Наскоро се очекува трансферот да биде и официјално потврден, а треба да се спомене и дека Тотенхем преговара за враќање на Герет Бејл и може да се случи и Велшанецот до крајот на преодниот рок да заврши во Лондон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Позната главната трансфер цел на Јувентус

Италијанскиот гигант Јувентус покажува силен интерес за Мејсон Гринвуд кој оваа сезон…