Дома Трансфер зона Се е договорено: Арда Туран пред враќање во Турција!

Се е договорено: Арда Туран пред враќање во Турција!

Како што наведуваат шпанските медиуми, фудбалерот на Барселона Арда Туран следната сезона ќе ја помина на позајмица во Турција.

Арда Туран е пред враќање во татковината,но како позајмен фудбалер во турскиот гигант Галатасарај, каде што се враќа после шест години.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Арда Туран се враќа во клубот и ќе ја добие капитенската ленда“, изјави за турснкиот медиуми претседателот на турскиот клуб, Дурсун Озбек.

Арда од 2004 до 2011 го носеше дресот на гигантот од Инстамбул, за потоа да премине во редовите на Атлетико Мадрид. Член на Барселона стана во 2015 година, а во 55 одиграни натпревари за тимот од „Ноу Камп“ постигна 15 погодоци.

Сега дојде време 30 годишниот крилен фудбалер да се врати дома. Галата веројатно на крајот ќе го откупи неговиот договор од Барселона кој важи до летото 2020 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Бруно Фернандеш се огласи по најавите дека може да замине од Јунајтед

Во претходните денови во јавноста на Островот се појавија шпекулации во врска со иднината …