Непримерното однесување на домашните навивачи во Бугарија го обележи квалификацискиот натпревар за ЕП 2020 помеѓу Англија и Бугарија.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Цел натпревар домаќините ги навредуваат фудбалерите со темна боја на кожата и нацистички салутираа.
Разбирливо сите го осудуваат таквото однесување, помеѓу нив е и Џордан Хендерсон.
„Вакви работи не смеат да се случуваат. Нешто треба да се превземе, но сметам дека играчите беа извонредни иако беа лути. Со фудбал одговоривме на навредите. На полувремето се договоривме да ги натераме да патат, мислам дека тоа и го направивме“, изјави Хендерсон за „Би-Би-Си“.
Англија ја победи Бугарија со 6:0.