Дома Трансфер зона Се врати од пензија за да му помогне на Баерн!

Се врати од пензија за да му помогне на Баерн!

Повредата на Мануел Ноер му создаде големи проблеми на Баерн Минхен, бидејќи германскиот чувар на мрежата ќе биде надвор од терените се до почетокот на следната година.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


На Ноер му беше извршена операција поради повреда на стапалото, па ќе мора да отсуствува до јануари следната година, а Баварците не можат да се пофалат со адекватна замена.

На голманската позиција моментално Баерн ги има Свен Улрих и младиот Фрухтл, но во нив немаат доволно доверба па затоа решија од пензија да го вратат Том Штарке.

37-годишниот Штарке ова лето се прости од активното играње фудбал, но го прифати повикот од Баварците и веќе започна да тренира со тимот.

Инаку Штарке претходно беше член на Баерн од 2012 до 2017 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…