Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Саутгејт: Треба да донесам многу тешки одлуки!

Саутгејт: Треба да донесам многу тешки одлуки!

Селекторот на Англија, Герет Саутгејт изјави дека ќе донесе некои многу тешки одлуки пред првиот натпревар на Светското првенство во Русија.

Англискиот тим ја победи Костарика вчера со 2:0, а Саутгејт на овој меч користеше различен тим од оној против Нигерија.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


„Тешко е и ќе преземеме некои тешки одлуки, но во добра смисла. Ќе беше многу поинаку ако си мислев – нема кој да игра тука или таму. Сакавме играчите да се борат за своите места и тие го направија тоа. Многу сум задоволен од натпреварот кој го одигравме откако направивме 10 промени во нашиот состав. Гледајќи назад во овие три недели на подготовка, не можам да бидам повеќе задоволен. Тешкотиите на кои ќе наидуваме само ќе не обединуваат“, заклучи Саутгејет.

Англија во првиот натпревар на Мундијалот ќе ги одмери силите со Тунис на 18-ти јуни.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Лаутаро не е најдобар напаѓач, но е најдобар фудбалер во Серија А

Екипата на Интер сезонава доминантно го освои Скудетото во Италија, па така и издоминира в…