Дома Фудбал Саул Нигез: Не сакам да го напуштам Атлетико, но…

Саул Нигез: Не сакам да го напуштам Атлетико, но…

Ѕвездата на Атлетико Мадрид, Саул Нигез е спремен да остане во клубот, но само под услов да доние подобар договор.

Нигез е ѕвезда на Европското првенство за млади и за него постои силен интерес од неколку европски гиганти, пред се Барселона и Манчестер Јунајтед.

„Среќен сум во Атлетико и таму се чувствувам ценет, но секој сака да заработува малку повеќе пари за да биде во можност да му помогне на семејството“, изјави Саул.

„Не сакам да заминам, ми беше тешко да ја добијам довербата на Симеоне и ќе ми биде тешко сега во нов клуб да почнам од нула. Не се гледам во друг клуб, за да заминам од Атлетико треба да се случи нешто изненадувачки“, додаде 22-годишниот Шпанец.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Клоп објасни зошто повикал 44 фудбалер, избра нов капитен и прв голман на Германија

Јирген Клоп приреди вистинско изненадување на почетокот од својата тренерска кариера со ге…