Дома Трансфер зона Саудиски клуб му нуди богатство на Икарди, но има еден услов

Саудиски клуб му нуди богатство на Икарди, но има еден услов

Мауро Икарди имаше одлична сезона во Галатасарај, а по истекот на позајмицата тој ова лето се врати во ПСЖ.

Јасно е дека за него нема повеќе место во Париз и веќе ја започна потрагата по нов клуб, а Ал Шабаб веќе почна преговори за да го убеди Икарди на преселба во Саудиска Арабија.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Ал Шабаб му нуди двегодишен договор тежок неверојатни 80 милиони евра за да го убеди да се пресели во Саудиска Арабија, но има еден важен услов кој нема да и се допадне на неговата сопруга Ванда Нара.

Во понудата има еден услов – заедно со Икарди да не доаѓа и неговата сопруга Ванда Нара. Саудијците вообичаено им нудат максимална комоција на семејствата на фудбалските суперѕвезди, но тоа не е случај и со Ванда, која е позната по животните навики со кои не би се вклопила во животот на жените во оваа држава.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал фаворит за потписот на Шешко

Арсенал сака да ангажира талентиран фудбалер во нападот, а изборот паднал на фантастичниот…