Дома Трансфер зона Сасуоло: Ќе го продадеме Локатели во странство, италијанските клубови немаат пари

Сасуоло: Ќе го продадеме Локатели во странство, италијанските клубови немаат пари

Директорот на Сасуоло, Џовани Карневали изјави дека во моментов поголеми се шансите Локатели да биде продаден во странство, отколку во клуб од Серија А.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Јувентус е силно заинтересиран за Локатели, но „старата дама“ не е во можност да ја плати сумата од 40 милиони евра која ја бара Сасуоло.

„Преговараме за Локатели со еден клуб од странство. Преговорите се веќе во напредна фаза. Во следните денови ќе имаме средба со Јувентус, но се уште нема никаков напредок во преговорите со нив. Сите италијански клубови се наоѓаат во многу тешка ситуација“, изјави Карневали.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…