Дома Фудбал Италија Сари отпиша четири играчи, клубот ги продава уште во јануари

Сари отпиша четири играчи, клубот ги продава уште во јануари

Летниот преоден рок е завршен пред нешто повеќе од месец дена, а уште сега наголемо се шпекулира дека не очекуваат многу трансфери во јануари.

Многу клубови не се задоволни како го поминаа летниот трансфер рок и поради тоа нестрливо чекаат да започне зимскиот. Италијанските медиуми пренесуваат дека и Јувентус ќе биде доста активен иако се чини дека Старата дама има одличен тим.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Сепак, јасно е дека Маурисио Сари има премногу играчи на располагање и едностано не може на сите да им даде шанса. Незадоволството на некои играчи е се поголемо и се чини дека уште сега се знае кој во јануари може да го напушти Јуве.

Тутоспорт денеска објави дека Сари веќе отпишал четворица играчи и му порачал на клубот дека може да ги продаде. Прв на листата е Марио Манџукиќ, за кој остана чудо како во летниот преоден рок не го напушти клубот, со оглед на тоа дека знаеше дека нема да игра.

Покрај него, тука е и другиот хрватски репрезентативец Марко Пјаца, кој не се изнаигра во дресот на Јувентус откако пристигна од Динамо. Пјаца моментално се опоравува од повредата, а од јануари веројатно ќе го гледаме во дрес на некој друг клуб.

Сари го отпиша и голманот Перин, кој летоска беше на чекор до Бенфика, но не ги помина лекарските прегледи. Јувентус веројатно ќе го испрати на позајмица. Покрај нив, Старата дама веројатно ќе ја напушти и Емре Чан, кој исто така летоска беше на трансфер листата.

Меѓутоа, Јуве тогаш не ја доби понудата која ја очекуваше, па Чан остана во екипата. За многумина е чудно што Јуве сака да го продаде Чан, кој пред две години дојде од Ливерпул како слободен играч.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Позната главната трансфер цел на Јувентус

Италијанскиот гигант Јувентус покажува силен интерес за Мејсон Гринвуд кој оваа сезон…