Дома Фудбал Италија Сари: Клубот не ми кажал дека Пјаниќ заминува

Сари: Клубот не ми кажал дека Пјаниќ заминува

Tренерот на Јувентус Маурицио Сари најави дека Миралем Пјаниќ ова лето ќе го напушти Јувентус, практично тоа и скоро сигурно.

Пјаниќ се сели во Барселона, а во Торино доаѓа Артур Мело и за оваа размена се чека само официјална потврда која може да дојде во секој момент.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Сари сепак не сакаше многу да зборува на оваа тема.

„Не знам точно каква е ситуацијата, но јас и понатаму сметам на Пјаниќ. Не е во прашање неговиот играчки квалитет само ситуацијата е деликатна. Не знам дали ќе го продадеме, клубот не ми кажал ништо“.

На Сари не му се допаднало тоа што неговиот колега од Барселона, Кике Сетиен зборувал за Пјаниќ.

„Артур е играч на Барселона и мислам дека не е во ред да зборувам за него. Не ми се допадна кога Сетиен зборуваше за Пјаниќ кој е се уште наш играч. Поради тоа нема ништо да кажам за Артур“, изјави Сари.

Според информациите Јувентус ќе го испрати Пјаниќ во Барселона, плус 10 милиони евра, а во замена ќе го добие Бразилецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Клоп и Салах после расправијата: Ќе има пожар

На денешниот меч помеѓу Вест Хем и Ливерпул дојде до голема расправија помеѓу Јирген Клоп …