Eдна од главните трансфер теми до сега во преодниот рок беше можниот трансфер на Џејдон Санчо од Борусија Дортмунд во Манчестер Јунајтед.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Од Јунајтед долго време тврдеа дека се чека само моментот кога Санчо ќе стане нивни играч, меѓутоа потоа дојдоа припремите на Борусија, рокот истече и Санчо не замина од редовите на „милионерите“.
Дел од навивачите на Манчестер Јунајтед можеби се уште веруваа дека Санчо може да стане играч на „црвените ѓаволи“, но сега и самиот играч го најави своето останување во Борусија.
„Среќен сум во Борусија и мило ми е што ќе предводам млади играчи бидејќи и самиот бев во нивна кожа“, изјави Санчо.
Со оваа изјава веројатно се става и крај на шпекулациите дека Санчо може да заврши во Јунајтед.