Дома Фудбал Англија Санчез само што пристигна, а веќе руши рекорди – ова не му успеало ниту на „подвижен билборд“ каков што е Ибра

Санчез само што пристигна, а веќе руши рекорди – ова не му успеало ниту на „подвижен билборд“ каков што е Ибра

Манчестер Јунајтед оваа зима барем на финансиски план одработи одлична работа.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Имено, „црвените ѓаволи“ објавија дека најновото засилување Алексис Санчез го срушил рекордот по бројот на продадени дресови од доаѓањето на „Олд Трафорд“.

Чилеанецот пристигна од Арсенал овој јануари и продаде три пати повеќе дресови од претходниот рекорд на клубот од Манчестер.

Освен овој профитабилен учинок, 29 годишникот според зборовите на потпретседателот Ед Вудворд овој трансфер предизвикал и огромен интерес на друштвените мрежи.

„Овој трансфер беше најголема објава на Инстаграм со повеќе од два милиони лајкови и коментари. Исто така статусот на Фејсбук беше споделен најмногу пати во историјата на клубот, а твитот беше најмногу пати ре-твитуван“, изјави Вудворд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Милан го објави новиот напаѓач, кој доаѓа од ПСЖ за рекордна сума

Од Милан официјално го објавија ангажманот на напаѓачот Гонсало Рамош, кој пристигнува со …