Иднината на Алексис Санчез е главна тема на Островот, а тамошните медиуми тврдат дека Чилеанецот добил понуда од Јувентус која нема да може да ја одбие.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Според „Дејли Мирор“ италијанскиот шампион е спремен да му понуди плата од 250.000 евра неделно, со што Санчез би станал далеку најплатениот играч во Серија А и еден од најплатените во Европа.
Договорот на Санчез со Арсенал истекува во 2018 година, а преговорите за продолжување на истиот се во застој, па поради тоа Чилеанецот може да ја промени средината по завршувањето на сезоната.
На лето ќе биде последна шанса за Арсенал да заработи на неговата продажба бидејќи играчот влегува во последната година од договорот, а сеуште нема најави дека може да стави потпис на нов договор.
Јувентус е спремен на „топџиите“ да им понуди 45 милиони евра како обештетување, па останува да видиме како ќе реагира Арсенал на ваквата понуда.