Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Сампаоли признава: Неколку селекции во Русија се фаворити и се чекор пред нас

Сампаоли признава: Неколку селекции во Русија се фаворити и се чекор пред нас

Селекторот на Аргентина, Хорхе Сампаоли не крие кој по него се фаворитите за освојување на Мундијалот.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Иако во својот тим има големи ѕвезди како Меси, Игуаин и Дибала, Сампаоли сепак предност им дава на останатите селекции.

„Верувам дека Бразил, Франција и Шпанија се еден чекор пред нас, бидејќи се подолго време заедно, а да не ја заборавиме и германската репрезентација, иако не го сакам нивниот фудбал“, истакна Сампаоли пред аргентинските новинари.

Ждрепката за групите на Мундијалот во Русија ќе се оддржи на 1. декември, а Аргентина доста се мачеше во квалификациите и на крајот тешко дојде до пласман меѓу најдобрите селекции на светот.

Сампаоли е некогашен тренер на Севиља, а овој темпераментен Аргентинец и натаму има поддршка од Аргентинскиот фудбалски сојуз.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Дефинитивно: Капитенот на Реал Мадрид заминува!

Дани Карвахал ќе го напушти Реал Мадрид на крајот на оваа сезона. Зошто проблемот со уличн…