Дома Фудбал Салах постигна четири гола за Египет и собори нов рекорд

Салах постигна четири гола за Египет и собори нов рекорд

Фудбалерите на Египет во 1.коло од квалификациите од групата А за Светското првенство во Каиро го декласираа Џибути на домашен терен со 6:0, а првото име на натпреварот беше Мохамед Салах, кој постигна четири гола и стана најдобар стрелец на Египет во историјата на квалификации.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Салах е на 15 гола, претекнувајќи го Мохамед Абутрику, кој постигна 14.

Египет до 22. минута веќе водеше со 2:0, а двата гола ги постигна играчот на Ливерпул. Првиот во 17. минута по убавата асистенција на Мохамед, а вториот пет минути подоцна од пенал. Салах го комплетираше хет-трикот во 48. минута, а во 69. зголеми на 4:0 по уште една добра акција на Египет.

Четири минути подоцна Мостафа Мохамед го постигна петтиот гол за Египќаните, а конечните 6:0 ги постави Трезеге на минута пред крајот на натпреварот.

Победниците на групите од африканските квалификации ќе се пласираат на СП 2026 година, а најдобрите четири второпласирани селекции ќе играат за еден претставник во интерконтиненталните квалификации.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Држава со само 135 фудбалери учествува на Светското првенство

Курасао освои место на Светското првенство. Со популација од само 156.115 жители, тие стан…