Дома Фудбал Англија Салах и Мане повеќе не комуницираат, еден мора да си оди

Салах и Мане повеќе не комуницираат, еден мора да си оди

Ливерпул во последно време бележи многу лоши резултати, а атмосферата во тимот е нарушена, пренесуваат медиумите на Островот.

Медиумите тврдат дека целосно е нарушена комуникацијата помеѓу напаѓачкото трио Салах – Мане, Фирмињо.

Споменатото трио во 2021 година не упати ниту еден шут во оквирот на голот на Енфилд, што е неверојатен податок.

Наводно Мане е лут на Салах, па медиумите тврдат дека воопшто не комуницираат и не се поздравиле на последниот тренинг. Фирмињо исто така е дистанциран од двајцата.

Салах наводно го „обвинил“ Мане дека во некои ситуации не сака да избори пенал, за Египќанецот да не може да постигне гол.

Дали ова е главната прчина за лошите резултати, тешко е да се каже, но атмосферата во тимот е нарушена.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Ливерпул понуди речиси 60 милиони евра за ѕвезда на Брајтон

Ливерпул испрати понуда вредна околу 58 милиони евра до Брајтон за Јанкубу Минте (22), но …