После еден ден пауза изминатата ноќ повторно се вратија возбудувањата во најсилната кошаркарска, НБА лига.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Тимот на Денвер претрпе пораз од Милвоки со 109:120. За Бакси ова беше четврти пораз едноподруго откако Никола Јокиќ е надвор од терените поради повреда. Јанис Антетокумпо беше најефикасниот со 24 поени, а додаде уште 13 скока и 7 асистенции. Во редовите на Денвер најмногу поени постигна Ерик Гордон (18).
Натпреварот на кој се постигнаа најмногу поени во вечерта го одиграа Лејкерси и Сакраменто. Во „Стејплс центарот“ на крајот славеа гостите после продолженија со 137:141. Интересно е што само во продолженијата се постигнаа дури 78 поени, додека во регуларниот дел беше 100:100. Фокс од Сакраменто беше најефикасниот со 34 поени, Леброн уфрли 30 и додаде 11 асистенции.
Атланта успеа да слави против Мемфис со 32 поени разлика. Предвник на Атланта беше Трае Јанг со 31 поен, се истакна и Клинт Капел со 23 поени со 17 скокови.
НБА РЕЗУЛТАТИ:
Л.А.Клиперс – Детроит 107:96
Шарлот – Минесота 133:115
Њујорк Никс – Феникс 97:118
Орландо – Чикаго 88:123
Индијана – Торонто 114:97
Мемфис – Атланта 100:132
Оклахома – Вашингтон 99:101
Сан Антонио – Бостон 96:88
Денвер – Милвоки 109:120
Јута – Њу Орлеанс 97:98
Голден Стејт – Портланд 118:103
Л.А. Лејкерс – Сакраменто 137:141