Дома Видео „Сака само да игра фудбал?“ – Винисиус по солзите, од зад грб го удри Лапорт и стана предмет на исмејување 🎥

„Сака само да игра фудбал?“ – Винисиус по солзите, од зад грб го удри Лапорт и стана предмет на исмејување 🎥

Фудбалерите на Шпанија и Бразил ремизираа 3:3 вчера во Мадрид, во пријателски натпревар.

Натпреварот на стадионот „Сантијаго Бернабеу“ имаше трогателна увертира, бидејќи најдобриот бразилски фудбалер и член на Реал Мадрид, Винисиус се расплака на прес-конференција откако беше прашан за расизамот. Винисиус низ солзи зборуваше дека се што сака е само да игра фудбал, како и дека дури размислувал да замине од Европа.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Секако дека расизмот е нешто кое не треба да го има на стадионите, но и дека Винисиус е еден од фудбалерите кои често провоцираат на терените се покажа и во овој натпревар.

Бразилецот имаше жестока пресметка со шпанскиот стопер Емерик Лапорт. Во еден момент Винисиус одзади му пријде на Лапорте и малку го удри, а Шпанецот потоа го оттурна.

Потегот на Винисиус поради неговиот претходен настап на прес-конференцијата стана тема на бројни шеги на социјалните мрежи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Видео

Проверете

Фудбалските надежи до 14 години ремизираа со Словенија

Македонската селекција до 14 години одигра нерешено 1:1 против Словенија во рамките на вто…