Дома Македонски спорт Мак ракомет РФМ вети премии за машката и женската репрезентација!

РФМ вети премии за машката и женската репрезентација!

На денешната седница на управниот одбор на Ракометната федерација на Македонија се донесе одлука за премија од два милиони денари за пласман на машката репрезентација на ЕП, но и 2.5 милиони денари за женската за пласман на СП.

Управниот одмор изгласа премија во висина од два милиони денари ако ракометарите се пласираат на Европското првенство 2024 година во Германија.

Македонија е игра во група со Португалија, Луксембург и Турција, а по четири натпревари имаме четири бода и ни претсојнат натпревари со двата аутсајдери на хартија во групата. Во првите натпревари со овие противници славевме убедливо, па затоа и можеме да очекуваме дека ќе се избориме за пласман на ЕП.

Премија ќе има и за женската ракометна репрезентација ако се изборат за пласман на Светското првенство.

Дамите ги очекува бараж против Украина, првиот натпревар го играме в сабота во Скопје, а реваншот на 12-ти април во Украина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…