На дешената седница на Управниот одбор на Ракометната федерација на Македонија се донесе одлука машката и женската селекција да добијат идентична премија ако се пласираат на Европското првенство 2024 (жени) и Светското првенство 2025 (мажи).
Сумата која ја вети РФМ изнесува два милиони денари, а исто така се донесоа и неколку други одлуки. Во продолжение ви ги пренесуваме истите:
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
За одредување на парична награда за македонската сениорска машка ракометна репрезентација за пласман на IHF World Championship 2025 во CRO/DEN/NOR во висина од 2.000.000,00 денари нето износ;
За одредување на парична награда за македонската сениорска женска ракометна репрезентација за пласман на EHF Euro Women 2024 во AUT/HUN/SUI во висина од 2.000.000,00 денари нето износ.
За именување на дополнителни членови на Натпреварувачка Комисија при Ракометна Федерација на Македонија, за нови дополнителни членови се именувани лицата г-дин Виктор Андонов и г-дин Бобан Мајнов, именуваните лица-членови на Натпреварувачката комисија при РФМ ќе бидат во функција на вршител на должност (ВД).
За именување на г-дин Кристијан Грчевски за селектор (супервизор), г-дин Дарко Јанев за тренер – селектор, г-дин Тодор Филиповски за кондиционен тренер и г-ца Николина Бојаџиска за физиотерапевт на женска младинска репрезентација за девојки родени 2004/2005 година и помлади, за претстојните натпревари во рамки на подготвителниот период и учеството на светско првенство за девојки до 20 години IHF WCH Women’s U20 2024 во Скопје во период од 19-ти до 30-ти Јуни 2024 година.
Се усвои информацијата доставена од страна на Натпреварувачка комисија за организација на финалниот турнир од македонскиот ракометен КУП 2024 во машка и женска категорија, и истиот ќе биде организиран во Скопје во спортскиот центар Борис Трајковски во период од 17-ти до 19-ти Мај 2024 година.