Дома Останати Тенис Руското чудо на АО го елиминираше и Димитров за полуфинале

Руското чудо на АО го елиминираше и Димитров за полуфинале

Големо изненадување се случи во првиот меч за полуфиналето на Австралија Опен.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Имено, Русинот Аслан Каратсев го совлада 21. играч во светот Бугаринот Григор Димитров со 3:1 во сетови (2:6, 6:4, 6:1, 6:2).

Димитров првиот сет го доби лесно со 6:2 и изгледаше дека нема да има проблеми во овој меч. Сепак 114. играч во светот се разбуди во вториот и ги освои наредните три сета и така приреди големо изненадување.

Треба да се каже дека Димитров имаше и проблеми со повреда со оглед на тоа дека му се укажуваше помош во третиот сет.
Каратсев сега го чека подобриот од дуелот помеѓу Новак Ѓоковиќ и Александар Зверев кој почнува во 10.30 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Алкараз доби зелено светло за враќање: Еве каде ќе настапи!

Еден од најдобрите тенисери во светот, Карлос Алкараз, конечно ги реши проблемите со повре…