Дома Фудбал Германија Румениге: Левандовски сигурно останува, сакате ли да се кладиме?

Румениге: Левандовски сигурно останува, сакате ли да се кладиме?

Извршниот директор на Баерн Минхен, Румениге порача во изјава за Kicker дека Роберт Левандовски и наредната сезона ќе биде член на баварскиот клуб.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Се погласни се шпекулациите дека Лева на лето ќе ја промени средината, но Румениге и друштвото од врвот порачаа дека тоа нема да се случи.

“Ако сакате да се обложувате, нема проблем. Левандовски дефинитивно ќе игра за Баерн Минхен следната сезона “, рече Румениге, додавајќи:

“Тој е од огромна важност на нашиот тим. Левандовски е веројатно најдобрата деветка која постои во Европа”.

Роберт Левандовски одигра 37 натпревари за Баерн оваа сезона и постигна 32 гола, од кои 23 во Бундеслигата, што е убедливо најдобриот стрелец.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Феликс го натера и Роналдо да му се поклони (Видео)

Жоао Феликс го одбележа натпреварот на Ал-Наср и Ал Фатех во Саудиска Арабија. Актуелниот …