Реал Мадрид ја победи Барселона со 3:2 во Ел Класико на стадионот „Сантијаго Бернабеу“. Винисиус Јуниор, Лукас Васкез и Џуд Белингам ги постигнаа головите за Реал, додека Андреас Кристенсен и Фермин Лопез за Барселона. Реал сега има 11 бодови пред второпласираната Барселона на шест кола до крајот.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Дека атмосферата во тимот на Реал е многу добра говори и моментот во тунелот пред играчите да излезат на теренот. Ѕвезда на сега виралното видео беше Антонио Рудигер, централниот бек на Реал.
Тој, додека излегуваше на теренот со останатите играчи и поминуваше покрај полицаецот кој го обезбедуваше тунелот, се обиде да го исплаши полицаецот. Но не му успеа, го насмеа полицаецот и ги воодушеви фановите на социјалните мрежи.
Antonio Rudiger tries to scare the police officer
byu/oklolzzzzs insoccer