Поранешниот прв човек на Фудбалскиот сојуз на Шпанија, Луис Рубиалес истакна дека никогаш не извршил притисок врз фудбалерката Џени Хермосо за бакнежот кој предизвика бурни реакции.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Рубиалес ја бакна Хермосо на доделувањето на медалите, а сега истакна дека тоа било бакнеж помѓу пријатели, а не сексуален напад.
„Никој не може да докаже дека било кој член на Федерацијата извршил чин на принуда. Не можам да разберам како може така да се квалификува. Бакнежот се случи по освојување на Светско првенство помеѓу двајца пријатели“, изјави Рубиалес“.
Обвинителството во Шпанија за оваа ситуација побара затвор од две ипол години за Рубиалес, една за сексуален напад и година ипол за принуда.