Дома Трансфер зона Роџерс потврди: Челзи испрати нова понуда, Фофана тренира со вториот тим

Роџерс потврди: Челзи испрати нова понуда, Фофана тренира со вториот тим

Тренерот на Лестер, Брендан Роџерс потврди дека Челзи испратил нова подобра понуда за Весли Фофана.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Понудата која од Челзи ја испратиле била во висина од 70 милиони евра плус бонуси кои биле тешко остварливи и затоа од Лестер ја одбиле понудата.

 Роџерс исто така посочи дека Фофана е префрлен во вториот тим откако одбил да се појави на тренинг минатата недела.

„Добивме нова подобрена понуда за Фофана која и истата беше одбиена, играчот сега тренира со У23 тимот откако одби да се појави на тренингот минатата недела“, изјави Роџерс.

Челзи е во потрага по нов стопер и како што стојат работите и покрај одбиената понуда голема е веројатноста Фофана на крајот да се пресели на „Стенфорд Бриџ“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…