Дома Фудбал Ројс после изненадувачкиот пораз на Борусија: Не знам како се викаше тој човек, но секаде ме следеше

Ројс после изненадувачкиот пораз на Борусија: Не знам како се викаше тој човек, но секаде ме следеше

Борусија Дортмунд вчера изненадувачки го запиша првиот пораз во сезоната.

„Милионерите“ беа непоразени се до 16-тото коло во кое вчера доживеаа пораз од Фортуна Дизелдорф со 2:1 и така му дадоа шанса на Баерн ако денес победи да им се доближи на шест бода.

https://www.youtube.com/watch?v=KWkSma7dm94

Поразот во Дортмунд не го примија добро. Барем според реакцијата на капитенот Марко Ројс кој во Дизелдорф беше блед благодарение на констатното маркирање од страна на еден противнички играч.

„Не знам како се викаше играчот кој ме чуваше, но ме следеше баш секаде“, ја пренесуваат Германците изјавата на Ројс.

Во следното коло Борусија ја очекува дербито против Менхенгладбах на „Вестфален“, дургата Борусија гостува како второпласиран тим на табелата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Зошто Марадона бил погребан без срце? Кастро откри необичен план на навивачи

Неврологот Нелсон Кастро тврди дека срцето на аргентинската легенда било задржано по обдук…