Кристијано Роналдо беше суспендиран поради потегот со кој одговори на навивачите кои го провоцираа скандирајќи го името на Лионел Меси.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Роналдо одговори на гестот со фаќање за меѓуножјето, а на конференцијата за медиумите Португалецот уште еднаш испрати извинувајќи објаснувајќи дека таквите работи во европскиот фудбал се нормални.
„Секогаш ќе ја почитувам културата на другата земја, секогаш и досега сум ги почитувал. Како што кажав таквиот гест никогаш нема да ми се повтори во оваа земја, но во Европа тоа е сосема нормално и често се случува. Понекогаш страста на теренот и желбата за победа е причина за реакции во кои не размислуваме многу“, изјави Роналдо.
Португалецот во Ал Наср е од 2022 година. На 50 натпревари постигна 42 гола и подели 13 асистенции.