Дома Фудбал Роналдо утрово уживаше во прошетка со семејство, а сега ни порачува да седиме дома (ФОТО)

Роналдо утрово уживаше во прошетка со семејство, а сега ни порачува да седиме дома (ФОТО)

Кристиано Роналдо ја налути португалската јавноста бидејќи на улциите на Фунчал се шеташе во друштво на сопругата Георгина и децата.

Иако во Португалија како и во голем број земји ширум светот се препорачува да се седи дома за да се избегне ширењето на коронавирусот ѕвездата на Јувентус уживаше во прошетката.

Веројатно свесен дека бил лош пример, Роналдо неколку часа подоцна остави порака со фотографија од неговиот дом.

Порача дека во овој момент сите треба да бидеме благодарни на здравјето, но и дека сите би требало да останеме дома и така да им помогнеме на здравствените работници кои се борат за спасување на животи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Манчини повика 31 фудбалер: Нови лица во Италија за Франција и Белгија

Чисе, Лонтани и Касано се меѓу фудбалерите што чекаат деби за Италија. Палестра се враќа, …