Дома Фудбал Останато Роналдо ужива во Дубровник, неговиот водич им се заблагодари на Џеко и Пјаниќ (ФОТО)

Роналдо ужива во Дубровник, неговиот водич им се заблагодари на Џеко и Пјаниќ (ФОТО)

Кристиано Роналдо ја изненади јавноста кога вчера ја посети Хрватска, поточно Дубровник каде што одлучи да ги помине празниците.

Играчите во Италија добија неколку дена одмор поради Велигденските празници, а поголем дел од нив одлучија да го искористат за патување. Тоа го направи и Роналдо кој со своето семејство отпатува во Дубровник каде што ќе помине неколку дена.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Роналдо вчера беше глава атракција во овој преубав град, а многумина се надеваа дека ќе го сретнат на улица за да може да се фотографираат. Роналдо вчера посети и неколку локали во Дубровник, а негов „водич“ беше Михо Обрадовиќ кој е сопственик повеќе локали во овој град.

Исто така Обрадовиќ неодамна отвори нов локал во Дубровник заедно со напаѓачот на Рома, Един Џеко.

Имено, вчера Обрадовиќ на својата Фејсбук страна објави дека Роналдо е во негово друштво и дека бил негов водич низ Дубровник.

Очигледно дека Џеко и Пјаниќ се едни од најзаслужните што Роналдо одмара во Дубровник и му пронашле одличен водич кој ќе му ги покаже сите убавини на овој јадрански град.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Арне Слот потврди: Преговорите се во тек, сакам да бидам тренер на Ливерпул

Eкипата на Ливерпул и холандскиот тренер Арне Слот се блиску до договор за соработка, потв…