Дома Фудбал Италија Роналдо три натпревари чекаше на првите погодоци, а кога ги постигна – испиша историја! (фото)

Роналдо три натпревари чекаше на првите погодоци, а кога ги постигна – испиша историја! (фото)

ronaldo

Кристиано Роналдо со денешните погодоци доби место помеѓу најголемите.

Чекаше Роналдо се до четвртиот натпревар за да го постигне првиот гол во дресот на Јувентус во Серија А, а денес против Сасуоло кога постигна два го запиша своето име помеѓу најголемите.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Португалецот со денешните погодоци стана само петтиот играч во историјата кој постигнал 400 погодоци во првите лиги во Европа.

Роналдо вкупно во Португалија, Англија, Шпанија и Италија постига 400 погодоци, пред него се само легендите на овој спорт.

Прв е Јосев Бикан со 518 голови, втор е Френц Пушкаш со 514, потоа следи Шоктот Џими Мекгрори со 410 голови, додека пред Роналдо се наоѓа Уве Зелер кој е на бројката од 406 погодоци.

Секако, очекувањата се многу брзо Роналдо да стигне до третата позиција бидејќи му недостасуваат само 11 погодоци за да ги надмине Зелер и Мекгрори.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Ништо од Милан: Лопетеги се врати во Премиер лигата

Хилиен Лопетеги се поврзуваше со Милан, но на крајот се врати во Премиер лигата, Шпанскиот…