Дома Фудбал Репрезентации Роналдо со двата гола за четири минути ја расплака неговата мајка 🎥

Роналдо со двата гола за четири минути ја расплака неговата мајка 🎥

Португалија вчера во рамките од второто коло во Лигата на Нации ја совлада Швајцарија со 4:0.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Прво име на натпреварот беше Кристијано Роналдо кој во првото полувреме постигна два гола во период од четири минути, од 35. до 39. минута. Уште еден гол му беше поништен на отварањето на второто полувреме.

На стадионот Хозе Алваладе беше присутна и неговата мајка Долорес дос Сантос Авеиро (67) која е позната по нејзините емотивни реакции кога нејзиниот син е доминантен на теренот.

Така беше и овој пат кога после вториот гол неконтролирано плачеше и се обидуваше да се смири.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Чудесниот Меси постави четири нови рекорди на СП

Лионел Меси само два дена пред да го прослави својот 39-ти роденден успеа да забележи дури…