Дома Фудбал Италија Роналдо самиот откри зошто не е повикан за натпреварот со Аталанта (ФОТО)

Роналдо самиот откри зошто не е повикан за натпреварот со Аталанта (ФОТО)

Jувентус денес ќе игра против Аталанта во рамките од Серија А, а тренерот Маурицио Сари изненади со тоа што Кристиано Роналдо не доби повик за овој натпревар.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Роналдо одигра одлично за репрезентацијата и во натпреварот против Литванија постигна и хет-трик.

Изоставувањето на Роналдо веднаш се поврза со незадоволството на Португалецот кога Сари во минатото коло кога го замени во 55-тата минута во средбата против Милан. Тогаш Роналдо место на клупата се упати право соблекувалната, па се сметаше дека ова е еден вид казна за првата ѕвезда.

Сепак, Роналдо се огласи на Инстаграм и стави крај на шпекулациите.

„Фокусиран сум на рехабилитацијата за да се вратам побрзо“, напиша Роналдо.

Од оваа објава може да се заклучи дека Португалецот не е повикан поради повреда, а не поради некаков проблем со Сари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Реал потврди за Фран Гарсија

Откако претходно во текот на денот неколку извори објавија дека Фран Гарсија ќе премине во…